Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фокус на денот: Кој ќе побара амнестија, а кој ќе има пониска плата од јануари, Беља во бељи

Фокус на денот: Кој ќе побара амнестија, а кој ќе има пониска плата од јануари, Беља во бељи

Законот за амнестија кој го изгласа Собранието стапи во сила откако беше објавен во Службен весник. Указот го потпиша и претседателот Ѓорѓе Иванов .

Законот за амнестија доби поддршка од 95 пратеници на 18 декември и сите обвинети за случувањата во Собранието на 27 април минатата година имаат рок од пет работни дена да поднесат барање за амнестија.

https://faktor.mk/ivanov-go-potpisha-zakonot-za-amnestija-stapi-vo-sila

Работодавачите ќе го покријат зголемувањето на социјалните придонеси предвидено за од јануари следната година, па тоа зголемување нема да се одрази на висината на платите на вработените, велат од Организацијата на работодавачи на Македонија.

Инаку, придонесите се зголемуваат за 0,5 отсто. Од нив во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување ќе одат 0,4 отсто, а во Фондот за здравствено осигурување 0,1 отсто. Министерката Мила Царовска рече дека вака дефицитот на пензискиот фонд од 310 милиони евра ќе се намали на 275 милиони евра.

https://faktor.mk/kje-ja-namalat-li-januarskata-plata-zgolemenite-penziski-pridonesi

Најмалку пет луѓе загинаа во страотната сообраќајка која се случи утринава кај Ниш, а во која воз удрил автобус.

Меѓу настраданите има и деца, а повеќе од 30 се повредени. 

Неофицијално повеќе од 10 се во животна опaсност.

https://faktor.mk/video-stravichna-nesrekja-kaj-nish-voz-udri-vo-avtobus-i-go-prepolovi-ima-zrtvi

Загаденоста и денеска на високо ниво. Во земјава граѓаните се гушат и оваа зима. Вечерва Кичево е многу високо загаден, заедно со Битола додека 158 ПМ има на 100 микрограми во Кичево, а во Битола се измерени 156 ПМ на 100 микрограми.

https://faktor.mk/iznenaduvanje-ovoj-makedonski-grad-za-prvpat-mnogu-visoko-zagaden

Слично

Поврзани вести