Фокус на денот: Кој ќе дава глас за уставните измени, а кој ќе одмара на втори јануари – амнестираните на раат
Ако ВМРО-ДПМНЕ реши да го
бојкотира изборот за претседател на државата во март годинава, можно е Владата да иницира нови уставни измени со кои претседател на државата ќе се избира
во Собранието. Додека тече процедурата
за измените која трае 100 дена, претседател на државата ќе биде собранискиот
спикер Талат Џафери.
Владата го враќа Втори јануари како неработен ден за јавната администрација со препорака тоа да го направи и приватниот сектор. Засега 2 јануари не се враќа како празник на календарот, туку само како владина одлука.
Подоцна Владата најави дека јавната администрација и другите буџетски работници нема да работат на 2 јануари и ќе го спојат со новогодишниот празник, но дека тој ќе треба да го одработат друг ден.Не од 80 туку власта има поддршка за уставните измени од 76 пратеници, потврди премиерот Зоран Заев.
Владини извори брифираат дека во меѓувреме „виси“ поддршката за гласањето на измените во јануари од некои пратеници кои не се задоволни со амнестијата, дел се лути поради притворите кои се случија во меѓувреме. Нашите извори велат дека некои од пратениците не негирале, но ниту потврдувале дека ќе гласаат.
На предлог на Владата, Собранието со 62 гласа „за“ без ниту еден „против“ и „воздржан“ ги разреши Аксел Ахмедовски од функцијата министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во и Аднан Ќахил од функцијата министер без ресор задолжен за странски инвестиции во Владата.
Премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарски прашања им заблагодари на министрите за нивниот ангажман и кажа дека ќе ги покани да им служат на граѓаните преку извршната власт.
Kaкви биографии имаат новите министри Музафер Бајрам и Елвин Хасан?
