Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: Кој ги влечел конците на „крвавиот четврток“, што понатаму со „бомбите“ и СЈО?

ФОКУС НА ДЕНОТ: Кој ги влечел конците на „крвавиот четврток“, што понатаму со „бомбите“ и СЈО?

На „крвавиот четврток“ поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков не презел свесно никакво дејство.

Ова станува јасно од денешнот излагање на обвинителката Вилма Русковска која пред судот рече дека откако почна процесот на судење на овој случај се случиле многу работи.

Три лица на 27 април 2017 година при упадот во Собранието требало да бидат убиени. 

Јане Ченто, Игор Југ и лице со прекар Жабата носеле пиштоли во Собранието на 27 април, 2017 година и требало да ги убијат Зоран Заев, Дамјан Манчевски и Зијадин Села, денеска кажа обвинителката Вилма Рускоска повикувајќи се на исказот на загрозениот сведок С1.

Ако Специјалното јавно обвинителство им ги предаде и обвинителите од Основното јавно обвинителсво (ОЈО) може да ги користат материјалите од прибавените прислушувани разговори, изјави денеска обвинителката Вилма Русковска. 

Откако Врховниот суд вчера донесе одлука со која СЈО нема право да покренува обвиненија за случаи по истекот на 18 месеци од превземањето на материјалите, во јавноста остана дилемата дали предметите кои беа отворени подоцна, во кои се води истрага за Бујар Османи, Али Ахмети, Антонио Милошоски, Зоран Ставрески, Сашо Мијалков, но и други функциoнери ќе паднат во вода. 

Некои експерти сметаат дека СЈО може да им ги даде на ОЈО отворените предмети ама дека „бомбите“ нема да можат да бидат користени како докази. Русковска вели дека тоа не е баш така.

Судовите по Устав и по Закон се независни и можат слободно да ги продолжат процесите по обвиненијата од Специјалното јавно обвинителство, вели Дане Илиев, поранешен претседател на Врховниот суд. 

Вели дека мислењето на Врховен суд дека не треба да се земат во предвид покренатите истраги и поднесените обвиненија на СЈО по јуни 2017-та е акт кој не е обврзувачки.

Протокол за прием на Македонија во НАТО влезе процедурално во грчкиот парламент.

Слично

Поврзани вести