Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: Ќе има ли победник во вториот круг?

ФОКУС НА ДЕНОТ: Ќе има ли победник во вториот круг?

За претседател се избира кандидатот што добил мнозинство гласови од избирачите што гласале доколку гласале повеќе од 40 отсто од избирачите. Ова е правилото за исполнет цензус напишан во Уставот на државата. 

Според сегашното решение во Уставот, за да биде избран претседател во првиот круг од изборите, неопходно е за него да гласаат мнозинство од вкупно запишаните 1.808.131 избирачи, односно најмалку 904.066 граѓани со право на глас. По вчерашното гласање јасно е дека тоа не е исполнето. Излезноста на вчерашните избори инаку беше 41,82 отсто.

https://www.faktor.mk/kolku-treba-da-glasaat-za-uspeshni-izbori-i-shto-ako-nema-cenzus

Продолжува теренска вакцинација низ училиштата, медицински персонал ќе ги вакцинира оние што не ја примиле вакцината против ситни сипаници.  Оваа одлука ја донесе минатата недела Министерот за образование Арбер Адеми, по само три дена од прогласувањето на Епидемија на морбили на  целата територија на Македонија.

https://www.faktor.mk/epidemijata-na-morbili-ne-stivnuva

Митко Чавков, екс-директорот на Бирото за јавна безбедност, повторно нуди гаранција од 600.000 евра пред Апелациониот суд за да му биде прифатено барањето да се брани од слобода.

https://www.faktor.mk/chavkov-povtorno-ja-nudi-garancijata-od-600000-evra

Слично

Поврзани вести