ФОКУС НА ДЕНОТ: Кичеец оди во домашен притвор, Јанева се бранеше со молчење
Зоран Милевски – Кичеец кој во случајот „Рекет“ е второ осомничено лице ќе биде спроведен во домашен притвор.
Ова станува јасно од денешното соопштение на Основниот кривичен суд во Скопје од каде што информираат дека „Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по предлог на одбраната на З. М., опфатен во предметот во јавноста познат како „Рекет“, за укинување на мерката притвор и определување мерка куќен притвор од 19.09.2019, истиот го достави на мислење кај надлежен јавен обвинител. Денеска по добиено позитивно мислење од обвинителството, предлогот на одбраната да биде уважен како основан, судијата на претходна постапка, согласно Законските одредби, донесе решение со кое мерката притвор се укинува и се определува мерка куќен притвор“, се вели во соопштението .
Ирена Фрчкоска и Дељо Кадиев, адвокатите на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева по денешниот распит во Јавното обвинителство за организиран криминал за случајот „Рекет“ рекоа дека осомничената ќе достави гаранција до судот со која ќе се бара ослободување од притвор откако вчера официјално заврши истрагата.
- Со завршување на истрагата, отпаѓа можноста за влијание на сведоците. Ние же понудиме гаранција против евентуално бегство. Уште утре ќе се обратиме до судот. Притворот е мерка што треба да трае што е можно помалку, рече Кадиев пред новинарите.
Фрчкоска дополни дека двајцата адвокати не разговарале до сега од каде ќе бидат исплатени, односно дали Јанева тоа ќе го направи преку наводниот „црн фонд“ на СЈО. Наведе дека Јанева исказ ќе даде откако ќе ги види доказите, бидејќи обвинителството било должно, како што вели правниот застапник на Јанева, тоа да и го овозможи предда ја заврши истрагата.
- Таа ке го искористи правото в четврток да изврши увид на доказите, затоа што осомничениот Бојан Јовановски тоа ќе го направи утре, рече Фрчкоска.
Адвокатите тврдат дека здравствената состојба на Јанева сега е подобра, но и дека натаму пати од хронични болести и голем стрес.
Aвтобус попладнево се преврте кај Кочани, при што две патнички се задржани во болница.
Две жени поради посериозни повреди се задржани во Општатата болница, а другите петмина повредени се пуштени на домашно лекување.
Состојбата на повредените е стабилна и веќе е направен неопходниот медицински преглед и третман во хируршкото одделение.
Судијката Добрила Кацарска на денешното сослушување пред тројца членови на Судскиот совет, по иницијативата за нејзино разрешување, поднесена од осудената во „Тенк“, екс министерката Гордана Јанкулоска рече дека судија е 33 години и ќе зборува само со факти.
Кацарска рече дека ниту едно право на Јанкулоска, додека траеше судењето за местење на тендерот за скапиот мерцедес за Никола Груевски, не ѝ било ускратено.
Таа додаде дека рочиштата биле долги по вина на обвинетите.
Кацарска рече дека за Јанкулоска е „комуњарка“, а забораваат дека во државата има и професионалци, а не само послушници.
Судскиот совет расправа за претставката за разрешување на судијката Кацарска, поднесена од сопругот на екс министерката за внатрешни работи, Јанкулоска, Влатко Илиевски.Во Њујорк, премиерот Зоран Заев се сретна со грчкиот колега, Кирјакос Мицотакис.
Заев на својот Фејсбук профил пишува дека Република Северна Македонија е максимално фокусирана на градењето меѓусебно партнерство засновано на пријателство и заеднички интерес, во интерес на граѓаните на двете земји.
