ФОКУС НА ДЕНОТ: Катругалос преименува, Адеми вработува, а се нижат смртни случаи од морбили
Јоргос Катругалос, де-факто министерот за надворешни работи на Грција, ја потсети Македонија дека и останува уште една недела до официјалното преименување и дека утре ќе испрати вербална нота до официјално Скопје заради тоа.
Министерот за култура Асаф Адеми се бори на два фронта со јавноста. Од една страна е притиснат од незадоволни организатори на настани поради Годишната програма за финансирање на проектите, а од друга страна изби и информацијата дека неговата сестра се вработила во АД ЕЛЕМ. Призна дека Хидаете Алили од неодамна е вработена на работно место во АД ЕЛЕМ и изјави дека таа долго време чекала на нејзиното вработување.
https://www.faktor.mk/ademi-sestra-mi-ne-beshe-primena-na-mnogu-konkursi-sega-konechno-ja-primija
Додека власта и опозицијата си ја префрлуваат одговорноста, а истовремено јавноста е збунета и неможе да завземе став кон вакцинирањето, уште едно дете почина од компликации од мали сипаници (морбили), вчера попладне на Клиниката за детски болести, откако првата жртва пред два дена беше бебе од шест месеци.
