ФОКУС НА ДЕНОТ: Кампањата тече, синот на Мира дава отказ во Елем, Велики петок е
И покај празниците изборната кампања е во тек.
По повод христијанскиот празник Велики петок, кандидатот за претседател Стево Пендаровски заедно со семејството беше во посета на Марков манастир во населеното место Маркова сушица.
При посетата, Пендаровски упати порака на помирување, заедништво и благосостојба во велигеднските денови што претстојат.
Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска – Давкова пак беше во посета на село Бањица, каде со жителите разговараше за проблемите со сиромаштијата, корупцијата, непотизмот.
Денеска е Велики петок-најтешкиот празник за Христијаните.Во овој ден од Страсната седмица Божјиот син е погребан во камен саркофаг во пештера, пред која бил поставен огромен камен.
Веста која го обележа денот е огласувањето на синот на Мира Стојчевска, пратеничката која ја обвинуваат за непотизам за вработувањето на нејзиниот син во Елем. И покрај негодувањата, државната комисија за спречување корупција најде неправилности при вработувањето на нејзиниот син Виктор Стојчевски. Што напиша тој на Фејсбук читајте тука.
