Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: Kампањата финишира, a малите сипаници земаа уште една жртва

ФОКУС НА ДЕНОТ: Kампањата финишира, a малите сипаници земаа уште една жртва

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Силјановска пред молкот повикаа на масовна излезност, ја побараа довербата од сите етнички заедници, и ветија дека ќе работат чесно.

Пендаровски е убеден дека тој ќе победи на изборите затоа што според него кристално е јасно дека граѓаните се определиле за европска иднина.

Да се избориме за сигурност, развој и интегрирана држава, порача Силјановска.

Бебе од десет месеци вчера починало на Клиниката за детски болести, од компликации од мали сипаници. Лекарите велат дека детенцето околу 20 дена се лекувало од комликации од морбили, со тешка состојба на бронхопневмонија.

Инаку оваа е четврта жртва во земјава како последица на компликации од морбили, од прогласувањето на епидемијата во Македонија.

Лекарите од инфективната клиника велат дека во моментов 39 пациенти се лекуваат на клиниката од мали сипаници, од кои 16 деца и 23 возрасни.

Во Скопје се прават подготовки за дочекот на Папата Франциск кој на 7 мај доаѓа во земјава.  Подната фонтана на плоштадот дополнително се заварува со метални профили.  По повод посетата на Папата на неколку часа ќе биде затворен и скопскиот аеродром во вторник.

Комисијата за спречување на корупцијата по допрен глас ќе испитува дали и како наводно се стекнал со земјиште претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и како го започнал „бизнисот со хидроцентрала“. Станува збор за проверка по наоди од страна на Костадин Костадинов, портпаролот на СДСМ, а ДКСК ќе ги испитува истите по службена должност.

Ова вчера Костадинов го побара на прес-конференција од Антикорупциска, а приложи и документ на кој наводно се тврди дека Мицкоски и членот на Извршниот комитет на ВМРО‐ДПМНЕ Димитар Димовски, имаат стекнато удел во хидроцентралата.

Слично

Поврзани вести