Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фокус на денот: Jа испраќаме 2018, нови амнестии, Уставен одлучи за Јанкулоска

Фокус на денот: Jа испраќаме 2018, нови амнестии, Уставен одлучи за Јанкулоска

Ја испраќаме 2018, и ќе ја дочекаме 2019 година. 

Околу 150 eвра чини тридневен аранжман во хотел зависно од категоризацијата на сместувачкиот капацитет во Охридско струшката ревиера. 

Миле Јанакиески и Кири Божиновски, поранешните владини функционери, вечерва ќе ја дочекаат Новата година во кругот на своите најблиски откако по позитивно мислење од Специјалното јавно обвинитество добија дозвола обвинетите во случајот „Титаник“ да го продолжат судскиот процес од куќен притвор, наместо од истражниот затвор во Шутка.

Новогодишната ноќ во својот дом ќе ја дочека и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кому мерката истражен затвор му се заменува со куќен притвор на предлог на СЈО за случајот „Империја“. Тој последен ја напушти ќелијата од сите преостанати обвинети во предметот. Основниот суд Скопје 1 – Скопје постапувајќи по добиени барања согласно Законот за амнестија на настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија, а по добиени мислења од надлежното обвинителство, во Законски утврдениот рок донесе решенија со кои барањата на М.С., А.З., М.Ц. и В.Н. опфатени во предметот со К.бр. 752/17 како и барањето на А.Ш. опфатен во предметот со К.бр. 1013/18 ги уважи.

Уставниот суд одлучи дека судијката Добрила Кацарска не и го повредила уставно загарантираното право на мајчинство на поранешната министерка за в.натрешни работи Гордана Јанкулоска во случаите „Тенк“, „Титаник“ и „Таргет/Тврдина“.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска одржа предновогодишен брифинг со новинарите на кој потврди дека Преспанскиот договор најверојатно нема да биде ратификуван во грчкиот парламент пред март, а по неколку дена откако тоа ќе се случи Македонија ќе го започне протоколот за прием во НАТО.

Слично

Поврзани вести