Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: Изгласан Протоколот за НАТО, нови детали од „Рекет“

ФОКУС НА ДЕНОТ: Изгласан Протоколот за НАТО, нови детали од „Рекет“

Знамето на НАТО попладнево е подигнато пред Собранието, откако е усвоен Протоколот. 

Амбасадорката на САД во НАТО, Кеј Бејли Хачинсон денеска потврди дека сите очекуваат знамето на Северна Македонија да започне да се вее пред седиштето на Алијансата во Брисел мошне скоро, најрано на пролет.

Собранието попладнево го изгласа протоколот за членство во НАТО пред да се распушти во наредните денови. 

Нема ниту „против“, ниту „воздржани“, а „за“ гласаа 114 пратеници. Усвоен е Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор. 

Во судница денеска беа прикажани фотографии од поранешната специјалната јавна обвинителка од СЈО,  Катица Јанева, а добиени со вештачење на телефонот на шоуменот и обвинет во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски.

Има фотографии каде обвинетата Јанева седи на гарнитура дома, а на масата пред неа стои и купче со банкноти од по 500 евра.

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева во пораките кои ги разменувале инволвираните во случајот „Рекет“ имала псевдоним. 

Обвинителството денеска посочи и содржини од комуникација меѓу обвинетиот Бојан Јовановски и сега веќе осудениот Зоран Милевски Кичеец,  од кои се гледа дека екс специјалната обвинителка,  Катица Јанева е именувана со псевдонимот „мајка“.

Ова не дозволиво, ова е чист рекет, му вратил Зоран Заев тогашниот ремиер на Бојан Јовановски осомничен во случајот Рекет во комуникација на која и претходеле и други пораки. Денеска тие бие прочитани во судницата во рамки на судењето, на кое продолжува презентирањето на материјалните докази. 

Атиџе е главната ѕвезда, и најважно беше тоа што таа беше овде, вели екипата на Медена земја, која утринава преку видео повик се јави од Лос Анџелес и на новинарите во Македонија им одговараа на прашања по завршената церемонија доделување на Оскарите.

Подготвена е да плати и казна од 5.000 евра, ама Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи вели дека нема да држи прес конференции со табла на која пишува Република Северна Макеоднија. Таа денеска повторно застана пред табла со старото уставно име и рече дека во Министерството не нашла банер на кој стои друго име. Вели и дека не стравува и дека нема намера да става друга табла.

Иако македонскиот документарен филм „Медена земја“ не доби Оскар, сепак придонесе добри вести за нашата земја да одекнат во светот.

Опасен отпад или безопасен отпад. Кој увезува и зошто, каде се гори, дали има или нема. Кој го контролира увозот? Во центар на внимание на јавноста во последниот период е токму отпадот, поточно дали е токсичен, зошто се увезува и дали навистина не е штетен по здравјето оној што се согорува и се увезува. 

Министерството за финансии ќе предложи нов Закон за платежни услуги и платни системи, со кои планира да го либерализира пазарот на платежните услуги со што се сака да се зајакне конкуренцијата. 

Во време кога бројот на жртвите се искачи на над 900 луѓе, а светот е загрижен од тоа како понатаму ќе се шири коронавирусот, кинеската држава се бори против епидемијата максимално одговорно, организирано и транспарентно. 

Погонот се затвори, но компанијата „Тетекс“ ќе продолжи да работи и тоа со позитивни резултати како и досега, тврди за Фактор генералниот директор на компанијата, Глигорие Гоговски.

Слично

Поврзани вести