Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: Избори ќе има ако изгуби Пендаровски, Русија не признава како Северна Македонија

ФОКУС НА ДЕНОТ: Избори ќе има ако изгуби Пендаровски, Русија не признава како Северна Македонија

Премиерот Зоран Заев остави простор за предвремени парламентарни избори, но само доколку кандидатот на СДСМ и владеачката коалиција Стево Пендаровски загуби од опозицискиот - Гордана Силјановска Давкова. Ваков дуел се најавува на 27 април, односно на 7 мај за кога се закажани следните претседателски избори.

- Ако кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски, загуби на претстојните претседателски избори од кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска, ќе се распишат предвремени парламентарни избори, изјави Заев, според кого СДСМ се уште водела пред ВМРО-ДПМНЕ, но со мала разлика.

Заев ги најави законите за социјална помош и за социјална пензија, но стравува дека за нивно донесување во Собранието ќе треба повеќе време затоа што претстојат претседателските избори, а и можно е шефот на државата Ѓорѓе Иванов да не ги потпише, односно да ги врати на повторно гласање.

Кандидатот на СДСМ и коалицијата за претседател на Македонија, Стево Пендаровски, ја прифати поканата за телевизиски дуел со конкурентот на опозицијата Гордана Силјановска. Давкова и најави дека тоа ќе се случи во текот на април, односно не за време на тековниот месец.

За Русија станавме Република Северна Македонија.

Руската федерација го прифати новото име на нашата земја и од денеска ќе ни се обраќа како Република Северна Македонија. 

Руската амбасада во Скопје на 19 февруари добила белешка од Министерството за надворешни работи на Владата во Скопје за новото име на државата.

Српскиот претседател, Александар Вучиќ попушти. 

Тој ќе ги помилува сите уапсени учесници на антивладините протести што се одржаа во саботата, освен оние што извршиле насилство.

„Оние што ќе побараат помилување, ќе бидат ослободени“, изјавил висок извор од кабинетот на Вучиќ за „Блиц“.

Слично

Поврзани вести