Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: Иванов ќе биде домаќин на Папата, кога ќе ја знаеме вистината за „Монструм“?

ФОКУС НА ДЕНОТ: Иванов ќе биде домаќин на Папата, кога ќе ја знаеме вистината за „Монструм“?

Во посебна церемонија која веќе се подготвува, Македонија ќе го пречека Папата на Римокатоличката црква Франциск. Тој во земјава доаѓа на 7 мај, а негов домаќин ќе биде претседателот Ѓорѓе Иванов без оглед што во земјава за претходно се закажани и претседателските избори.

Впрочем Иванов ќе ја има честа во последните денови од својот втор мандат да го пречека и Папата. Од неговиот кабинет не откриваат многу детали за посетата.

„Папата пристигнува во Македонија на 7 мај, додека претседателот Иванов ќе работи во својот кабинет до 12 мај, кога е последниот негов работен ден. Иако вториот круг од претседателските избори е на 5 мај, тој останува во својот кабинет до 12 мај, кога треба да се изврши примопредавањето на функцијата. Тоа значи дека претседателот Иванов ќе го пречека гостинот – ни одговорија од кабинетот на шефот на државата.

Според информации на Фактор, Папата Франциск ќе прошета низ Скопје, а целата церемонија и свечената литурија која треба да трае и повеќе од еден час ќе биде на Плоштадот.

Државата затаила со нејзината реакција и со контролата во случајот „Монструм“, вели обвинителката Фатиме Фетаи за „Фокус“ откако СЈО го превзеде случајот со петкратното убиство кај Смилковско езеро.

- Толку биле капацитетите, што, пак, доведува до заклучок дека од страна на најодговорните е затаено во смисла на подобрување на овие капацитети, и во смисла на превенција, и во смисла на откривање на сторителите, а особено во прибирањето на доказите. Основно, затаила првата и најбитна реакција на државата во ваков случај, можеби по примерот на српската „сабја“ при убиството на нивниот премиер. Не сакам да верувам дека нешто намерно се направило во овој контекст, а и сѐ уште немам таков извор, ги коментира Фетаи капацитетите на тогашното МВР и јавно обвинителство.

Фетаи вели дека обвинетите мора да се на слобода во моментов се до донесувањето на судската пресуда, бидејќи рокот за мерката притвор е истечен.

За надминување на спорот за името помеѓу Скопје и Атина, кој навидум не можепе да се реши, клучно беше лидерството, смета идниот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Филип Рикер.

Посочи дека грчкиот премиер Алексис Ципрас и премиерот Зоран Заев, како и шефовите на дипломатиите на двете земји се заслужни за ова историско постигнување и верува дека и останатите лидери на Западен Балкан ќе земат пример од ова искуство.

Поранешниот амбасадор на САД во Македонија во обраќањето на тема „Економскиот развој и регионалните односи во Југоисточна Европа“ во рамки на проектот „Балкан 360“, во организација на Германскиот Маршалов фонд, истакна дека Северна Македонија е на вистинскиот пат, кон НАТО и ЕУ. 

МВР не е безбедноста во државата сама по себе, МВР и безбедноста во државата сме сите ние. И граѓаните и другите институции треба да преземат мерки од сопствената надлежност ако сакаме да бидеме ефикасни.

Ова е пораката од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, што ја упати денеска по примопредавањето на донацијата од возила и опрема за МВР од Федералната полиција на Германија, како одговор на новинарско прашање за безбедноста на граѓаните по се зачестените убиства што се случуваат.

Слично

Поврзани вести