ФОКУС НА ДЕНОТ: Историска посета на Папата, испратена порака за единство
Папата Франциск денеска отслужи миса на плоштадот „Македонија“ во Скопје на која присуствуваа околу 15.000 граѓани од земајва, како и верници од странство.
Папата упати пораки пораки за мир, соживот, за поголема љубов кон Бога и кон луѓето. Рамнодушноста и клеветите да се заменат со чувствителност и надеж, да се надминат стереотипите и повеќе да се грижиме еден за друг, порача папата Франциск на мисата во Скопје.
Поради историската посетата на Папата Франциск во Македонија, денеска во Скопје се собраа граѓани од сите држави од Балканот. На плоштадот Македонија, освен македонското, се вееја и знамиња на Хрватска, Словенија, БИХ, Србија, Албанија, Кина и САД. Верниците се молат и веруваат дека Папата Франциск ќе донесе мир и среќа за сите во светот. Присутни беа и голем број претставници од општествено - политичкиот живот во Македонија.Придружуван од сопругата Зорица Заева и ќерката Александра премиерот имаше средба со Светиот отец папата Франциск.
Веховната духовна врска меѓу папската држава и нашата земја била потврдена на средбата, а која е воспоставена со сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј.
„Метлата“ на премиерот Зоран Заев ќе „исчисти“ функционери од секое ниво на власта. Извори од СДСМ брифираат за ТВ Алсат дека премиерот направил список со над 15 имиња кои ќе бидат сменети.
Во него, според телевизијата, има потпретседател на партијата, министри, пратеници, градоначалници, директори и други функционери.
Меѓу ресорите каде може да има промени се министерството за информатичко општество, за земјоделство, но и во здравство. Се шпекулира и трампа на министерствата за правда и за образование.
Книгата ,,Искуства за иднината“ на екс премиерот Никола Груевски е всушност негов докторски труд на тема: ,,Економските ефекти на различните видови на меѓународни текови на капитал со посебен осврт на Република Македонија“ одбранет во јули 2018 година на Економскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Информација за книгата е објавена на профилот на издавачката куќа Ѓурѓа. Се спомнуваат и политичките околности за времето на издавање на книгата.
