Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: И „братучедот“ си оди дома, предновогодишни убиства, чекаме 5 до 12 за УЈП

ФОКУС НА ДЕНОТ: И „братучедот“ си оди дома, предновогодишни убиства, чекаме 5 до 12 за УЈП

Се поизвесно е дека екс шефот на УБК Сашо Мијалков во домашен притвор ќе ги помине празнците.

Ова станува јасно од последните информации кои велат дека судијката Весна Димишкова го прифатила предлогот за куќен притвор на СЈО за Мијалков.

Најверојатно до крајот на денот братучедот на бегалецот Никола Груевски ќе биде дома.

Две убиства го обележаа денот . Едно во Скопје, другото во Прилеп.

Во метрополата со огнено оружје е убиен 38 годишен Скопјанец чие безживотно тело е најдено до возило „пасат“ а МВР соопшти дека има едно приведено лице.


Последни денови за регистрирање во Управата за јавни приходи. Последените информации од таа институција велат дека таа обврска ја извршиле скоро 640 000 граѓани.   Рокот е до понеделник па ако мислите во 5 до 12 да го фатите возот имајте го тоа на ум.

Слично

Поврзани вести