ФОКУС НА ДЕНОТ: Хаотична амнестија, челични мерки, гостите на Груeвски
Двајца гости имал Никола Груевски од Македонија во Будимпешта и за тоа ќе се води истрага.
Случајот ќе го истражува внатрешната контрола во Царинската управа чии вработени земале одмор и боледување за да му идат во посета на Груевски.
Неколку часа до крајот кога обвинетите за крвавиот четврток може да поднесат барање за амнестија. На полноќ е рокот кога судот ќе ги затвори вратите за барањата за амнестија.
И додека се чекаат барањата, судијката Кацарска одбива да ги прими и ги препраќа до Кривичен совет, кој пак е во дилема.
Челичарниците се во грч, а власта смирува за квотите од ЕУ.
Синдикатот и компаниите и контрааат на Владата и сметаат дека квотите кои ги наметна ЕУ за извоз на челик ќе влијаат на економијата, додека Анѓушев вели дека квотите за извоз нема да предизвикаат пад на македонската економија.
