ФOКУС НА ДЕНОТ: Груевски си ја отвори душата, Љупчо Димовски ќе оди во притвор
Поранешниот премиер, Никола Груевски во вестите на Сител од Будимпешта кажа дека сакал да оди во затвор, но добил информација дека се планира негова ликвидација во затворот подоцна, и затоа решил да избега во Унгарија.
Тврди дека не разговарал со унгарскиот премиер, Виктор Орбан.
„Апсолутно јас еден ден ќе се вратам, јас не сум дојден да живеам тука“, рече Груевски.
Екс премиерот тврди дека е неправедно осуден. Груевски не е разочаран од критиките на блиските соработници, вели дека тие се под тежок притисок.Екс министерот за земјоделство, Љупчо Димовски сепак ќе оди во притвор.
Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања попладнево го прифати со пет гласа „за” и четири „против” барањето за одобрување притвор за пратеникот Љупчо Димовски, поднесено од скопскиот Кривичен суд, и му предлага на Собранието на Република Македонија да го одобри.
Тој заедно со уште двајца поранешни министри за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков и Ацо Спасеновски, како и поранешниот заменик-министер Кристијан Делев се под истрага за злоупотреба на службена положба.Додека владејачката партија се мисли дали да се оди на предвремени парламентарни избори во опозицијата веќе се познати првите имњата кои ќе се тркаат за фотелјата во која уште малку ќе седи Ѓорге Иванов.
Влатко Ѓорче, Филип Петровски и професорката Гордана Силјановска се првите тројца кандидати кои поднеле кандидатури во ВМРО ДПМНЕ .
Сепак, од партијата на Христијан Мицкоски велат дека осуммина кандидати поднеле кандидатури. Но ова не е конечен број бидејќи се очекуваат и други овие денови.
Владејачката партија пак за ова прашање ќе одлучува во недела кога ќе се одржува Извршен комитет.Во Македонија попладнево најзагадено е во Тетово.
Мерните станици од Министерството за животна средина, покажуваат дека воздухот во овој град е многу високо загаден.
Високо загадено е и во Куманово, а во другите градови аерозагадувањето е помало.
