Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: Груевски се спаси од екстрадиција, а Франција предупреди за датумот

ФОКУС НА ДЕНОТ: Груевски се спаси од екстрадиција, а Франција предупреди за датумот

Унгарскиот суд одлучи дека не се исполнети условите за екстрадиција на поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Македонија .Според тоа, не се прифаќа барањето на македонското Министерство за правда. Тоа значи дека и понатаму Груевски останува политички азилант во Будимпешта.

Барањето за екстрадиција на Груевски е за организација и нарачка на нападот во Собранието на 27 април 2017. Основното јавно обвинителство на Македонија нема се уште покренато такво обвинение за него бидејќи не е достапен за органите.

Денеска спроведена е стандардна процедура на институциите во Унгарија откако криминалната и рекетарска влада во Македонија поднесе барање за екстрадиција-пишува на социјалната мрежа Никола Груевски.

Тој додава дека судот го разгледал барањето за екстрадиција и одлучил да не го прифати.

„Денеска не одговорам на прашања, во друга прилика“, кажа Груевски. 

Новинарите го прашуваа за одлуката на Судот, дали ќе се врати во Македонија, дали се плаши од нешто што молчи, дали побарал унгарско државјанство и дали користи унгарски јавни пари за да се финансира, но Груевски молчеше на сите овие прашања.

Дека добивањето датум во октомври е неизвесно предупредува Франција. 

Претставник на францускиот Сенат вели дека во моментот се случувала вистинска дебата помеѓу Владата и парламентарците за тоа дали земјата треба да добие датум годинава. Кристијан Кастања од Комитетот за европски прашања и Групата за пријателство меѓу парламентите, вели дека работеле на ова прашање и засега биле позитивни, но факт е дека е ситуацијата е неизвесна.

„Владата се обидува да дискутира за позицијата на Франција, додека парламентарците се обидуваат да дискутираат со колегите од земјите од Западен Балкан. Поради фактот дека тие дискутираат многу со парламентарци од регионот, можеби ќе ја информираат владата што се случува во регионот и која би била предност што овие земји би ја добиле со членството во ЕУ“, вели Кастања.

Слично

Поврзани вести