Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: Груевски се огласи по апсењата - Рашковски демантира

ФОКУС НА ДЕНОТ: Груевски се огласи по апсењата - Рашковски демантира
* ГРУЕВСКИ: Со вчерашните апсења се дефокусира јавноста од неработењето и криминалот на Влaста

Поранешниот премиер Никола Груевски се огласи на фејсбук за вчерашните апсења на лица од опозицијата.

Тој на својот фејсбук пишува: „Вчерашното апсење како и сите претходни кон лица од опозицијата се политички нарачани и фабрикувани од СДСМ. Во исти манир како нивните комунистички предци по 1945-тата“.

* Јанакиески се враќа во Шутка, притвор за седум други

Триесетдневен притвор за поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и уште седум други осомничени во најновата истрага на Обвинителството за организиран криминал која се однесува на злоупотреби со оттуѓување на државно градежно земјиште. Судија на претходна постапка го врати Јанакиески во затворот во Шутка, а по сослушувањето, синоќа, притвор им е одреден и на Димитар Димовски, вработен во министерството за транспорт и член на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ и Дејан Митревски претседател на општински комитет на партијата  во Аеродром. За две осомничени Кривичниот суд определил мерки на претпазливост .

* Рашкоски: Обвинувањата за некакво местење на тендер ќе треба да ги докажат на суд

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашкоски, по објавувањето на аудио снимки во некои медиуми, за наводно местење на тендери напиша Фејсбук статус:

„Разговорот е снимен од Климент Чепуњовски, разрешен директор на техника во МНАВ баш поради предизвикување на сериозен инцидент, за кој има извештај подготвен од Комитетот за воздухопловни несреќи.

Тендерот и изборот на најповолен понудувач се направени во 2016 година. Од тогаш поради за нас познати причини, никој не го потпишува договорот за набавка на нов радарски систем.

* ОД 1 ЈУЛИ ДРАСТИЧЕН ПАД НА ЦЕНИТЕ НА РОАМИНГ УСЛИГИТЕ: Еве за колку ќе се намалат

Од 1 јули ќе се намалат роаминг услугуте на земјите од Западен Балкан. Граѓаните од регионов за само два дена ќе можат да зборуваат меѓусебно по намалени роаминг услуги.

Македонците, Албанците, граѓаните на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина од понеделник ќе можат да зборуваат со 90 отсто помали цени.

Договорот на политичко ниво помеѓу земјите од Западен Балкан беше донесен на почетокот на месец април.

* ТЛОТО НЕ ПРЕСТАНУВА ДА СЕ ТРЕСЕ ВО АЛБАНИЈА: Земјотресот почувствуван и во земјава

Уште еден земјотрес со јачина од 4,7 степени по Рихтер ја погоди  Корча денес..
Земјотресот има многу ниска длабочина од само 2 километри, што предизвика шокот да се чувствува силен во областа.
Од првичните податоци се дознава дека епицентарот бил во планинската област Корча-Ерсека во близина на границата со Грција.
Надлежните и медиумите во Албанија велат дека нема докази за физичка или човечка штета.     Потресот е почувствуван во Охрид, Битола и Ресен.

* ЗАВРШИ Г20 САМИТОТ: Лидерите се обврзаа на заедничко решавање глобални проблеми

Дводневниот самит Г20 заврши. Во своето обраќање домаќинот, Шинџо Абе истакна дека лидерите успејале на самитот да усвојат заеднички пристап за решавање на проблемите и истовремено да не ги зголемат постојните разлики.

Премиерот на Јапонија Абе потенцираше дека постојат различни мислења за Г-20.

„Велат дека е тешко да се најде заеднички став во овој клуб. Но, многу е важно што можевме да најдеме заеднички пристапи за многу проблеми“, рече Абе на прес-конференција.


Слично

Поврзани вести