Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: Груевски повторно снимен во Будимпешта, Џафери упорен дека не го „спасил“ Трајко

ФОКУС НА ДЕНОТ: Груевски повторно снимен во Будимпешта, Џафери упорен дека не го „спасил“ Трајко

Поранешниот македонски премиер, Никола Груевски, е забележан во женско друштво како шета низ плоштад во Будимпешта, пренесе „1ТВ“.

Во меѓувреме трае истрагата на Јавното обвинителство за неговото бегство, а до сега немало одговорност. 

Шефицата на обвинителството за организиран криминал му упати директна порака на собранискиот спикер Талат Џафери.

Таа вели дека Собранието ќе биде одговорно ако екс спикерот Трајко Вељаноски се обиде да напушти државата а е под истрага за случајот 27 април.

Обвинителката за Телма потенцира дека нема да бара мерки за следење на Вељаноски а ако тоа се случи таа вели дека Собранието ќе биде одговорно.

Владата на Република Северна Македонија на 123-тата ја констатирала поднесената оставка на директорот на Истражниот затвор во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски, но ќе ја разгледа по завршувањето на претседателските избори.

– Со оглед на тоа што оставката е поднесена во период откако се објавени претседателските избори, истата ќе се разгледува по завршување на изборите, штом заврши забраната за разрешување и именување согласно Изборниот законик, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Котевски вчера ја поднесе оставка до Владата на Република Северна Македонија по настаните кои резултираа со физички пресметки во затворот на 21-ви овој месец, во кои беа нападнати притворените поранешни министри, Спире Ристовски и Миле Јанакиески.

Братот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев, на денешното рочиште по тужбата против Александар Николовски го демантираше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ дека е сопственик на фирма за производи од канабис во тужбата за нарушување на неговиот углед сред дебатна ТВ-емисија.

„Парцелата не е со квадратура што ја пишува порталот, купена е транспарентно и на законит начин, на ’Еленица‘ никогаш не сум бил сопственик, освен порано што сум бил член на нејзиниот надзорен или управен одбор, а во производството на канабис за медицински потреби немам допирни точки. Членови на моето пошироко семејство, мои први братучеди, да. Јас не. Јас сум сопственик на фирмите ’Тотал инженеринг‘ и ’Тотал електрик‘. Сте можеле сè ова да го проверите, а за парцелата за градба, ако ви било нешто сомнително, сте можеле да пријавите во обвинителството. Немате право да ме клеветите и навредувате“, рече тужителот во одговорот кој го пренесува СДК.

Слично

Поврзани вести