ФОКУС НА ДЕНОТ: Грипот однесе жртва, еден од Македонците на крузерот е заразен со коронавирус
Грипот ја однесе првата жртва во земјава.
Доктор Гордана Кузмановска, епидемиолог во Институтот за јавно здравје, за Фактор потврди дека вчера во земајава починало едно четиринаесет годишно девојче, чија смрт, како што вели, е асоцирана со грип.
„Точно е дека добивме информација дека вчера починало девојче поради компликации. Исто така, точно е дека кај девојчето е лабораториски потврдено присуство на грип од типот Х1“, вели доктор Кузмановска.
Според неа, станува збор за девојче кое имало и друга хронична болест.
Во кругот на Собранието, попладнево непознати лица го оштетиле автомобилот на пратеничката Емилија Александрова од независната пратеничка група на ВМРО- ДПМНЕ.
Министерството за надворешни работи информираше дека има промена во однос на состојбата на македонските државјани кои се наоѓаат на бродот “Diamond Princess” во Јокохама и дека кај еден од нив е потврдено присуството на коронавирусот.
Како што се додава, заразениот е хоспитализиран во здравствена установа во Јапонија, додека останатите двајца засега не се пожалиле на симптоми кои укажуваат на коронавирусот и рекле дека се добри.
На една година откако се случи кобната сообраќајна несреќа и откако момчето беспоштедно и го спаси животот на младата девојка, спасителот и спасената повторно се сретнаа.
Фотографии од средбата објави министерот за здравство, Венко Филипче.
„На денешен ден пред една година се случи страшната сообраќајна несреќа кај селото Ласкарци, која сите нас не научи на поголема хуманост и солидарност. Не научи да си помагаме кога е најпотребно и да се грижиме едни за други.
Снимките кои со камера ги снимал бизнисменот Орце Камчев се прикажуваа на денешното рочиште за Рекет.
Во првата снимка, во разговор меѓу Камчев, Бојан Јовановски и Ана Камчева, можеше да се слушне како Боки 13 во детали ги објаснува чекорите по кои ќе постапи СЈО во врска со случајот Империја, во кој всушност Камчев беше осомничен.
Техничкиот премиер Оливер Спасовски не размислува да го повлече решението за разрешување на техничката министерка Рашела Мизрахи, за нејзиниот настап со таблата, со цел да се избегне политичка криза.
Тој не може да премине преку тоа што таа, како што рече, не го почитувала Уставот.
Во текот на овој месец, на територијата на Беличишкото Bлато во Општина Дебрца ќе бидат поставени специјални камери фото-замки.
Целта е да се следат цицачите кои живеат или минуваат низ областа од блатото.
Доколу на претстојните парламентарни избори ја добие довербата од граѓаните, оваа Влада планира да го реформира даночниот систем. Таа веќе подготвила и стратегија, која се однесува на периодот од 2020 до 2023 година.Во скопското стручно училиште „Браќа Миладиновци“ постои мала зоолошка градина во која учениците кои учат за квалификацијата ветеринарен техничар ја реализираат практичната обука. За да опстои зоолошката градина, храната за животните се обезбедува од сопствено производство.
Стотина друштва тргуваат на големо со метал и метални руди, а четири од нив оствариле профит еднаков или поголем од 100.000 евра. Три скопски друштва и едно од Тетово.
Министерството за финансии ги контролира, но досега не утврдило дека некое финансиско друштво кое дава таканаречени „брзи кредити“, прекршило закон и наплатувало повеќе трошоци од максимално дозволените.
