Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: Грција не кажа „όχι“, СДСМ ќе носи одлука а авионот на Заев се приземји во Софија

ФОКУС НА ДЕНОТ: Грција не кажа „όχι“, СДСМ ќе носи одлука а авионот на Заев се приземји во Софија

Бурно и со викање и препирања на пратениците Грција не ја отфрли ратификацијата и даде зелено светло за договорот од Преспа. 

Спогодбата од Преспа за името на Македонија со која се решава долгогодишниот спор кој го имаше земјава со Грција, веќе е минато. Грчкиот парламент ја усвои ратификацијата со која се овозможуваат евроатлански интеграции на Скопје.

153 пратеници кажаа „ДА“ и Македонија доби ново име Република Северна Македонија.

Вечерва владеачката партија СДСМ одржува Централен одбор. 

ЦО на СДСМ почна без лидерот на партијата Зоран Заев бидејќи тој вечерва не можеше да слета на скопскиот аеродром поради невремето туку авионот со кој патуваше владина делегација се приземји во Софија.

Владеачката партија се очекува да донесе одлука со која ќе му одговори на опозицискиот лидер дали ќе одат на предвремени парламентарни избори или сепак не.

Јавноста засега со внимание го следи ова важно прашање.



FOTO: EPA / SIMELA PANTZARTZI

Слично

Поврзани вести