Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: Европа може да направи стратешка грешка, што се крие зад земјоделските протести

ФОКУС НА ДЕНОТ: Европа може да направи стратешка грешка, што се крие зад земјоделските протести

Сериозни предупредувања стигнаа од поранешниот шведски премиер и специјален пратеник на ЕУ за поранешна Југославија, Карл Билт.

Во колумна за „Вашингтон пост“ тој вели дека нема сомнение дека Брегзит е стратегиска катастрофа за Европската унија, но се чини дека малкумина разбираат дека ЕУ се движи кон друга стратешка катастрофа – овој пат на Балканот.

„Минатата недела Франција стави вето на отворањето на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија, наспроти повторената позитивна препорака на Европската комисија и волјата на другите земји-членки. Со тоа може да се урне повеќедеценискиот стратешки пристап на ЕУ кон Балканот, предупредува Билт. Потсетува дека од завршувањето на балканските конфликти во деведестите, приоритет на ЕУ беше  воспоставување долгорочна стабилност на овој проблематичен дел од континентот“, вели Билт.

А премиерот Зоран Заев, пак, на својот фејсбук профил упати порака до францускиот претседател Емануел Макрон.

„Имаме аргументи за да види претседателот Макрон дека предлогот 'методологија пред проширување' може да се трансформира во 'проширување заедно со промена на методологијата'“, пишува премиерот и додава дека, ние, како што вели, сме Европа.

„Ние не сме само стратешки интерес, ние сме Европа. Тоа значи дека ќе станеме полноправна членка на ЕУ, откако целосно ќе се реформираме внатре, а за тоа ќе ни помогне пристапниот процес и затворањето на поглавјата“, нагласува премиерот.

Ова следува откако се дозна дека неофицијално подготвува Европска економска зона за земјите од Западен Балкан, како еден вид замена за полноправно членство.

Според Мерсел Биљали, аналитичар, но и советник на премиерот, таа зона е претполитичката интеграција на државите од западен Балкан во Европската економска зона – ЕЕА (European Economic Area). 

„Тоа е скоро како полноправна членка во ЕУ пазарот по сите важни параметри, освен што не се учествува во органите и политичките институции на ЕУ. Таков статус сега имаат Норвешка и Исланд. Норвешка, чие население два пати со референдум го има одбиено членството вo EУ, сепак перфектно функционира во заедничкиот пазар. Спогодбата за четирите слободи (луѓе, капитал, стоки, услуги), кој би бил склучен меѓу државите од западен Балкан, а и со ЕУ како целина, може видно да ја забрза динамиката на економскиот развој и зајакнувањето на конкурентските капацитети на овдешните компании. Би се отвориле многу нови работни места и видно би зајакнал животниот стандард“,вели Биљали.

Земјоделските протести што вчера се организираа низ скопските улици, покрај вниманието што го предизвикаа со учесници кои не се земјоделци, а не се ниту нивните родители, како што самите тие изјавуваа, денеска предизвикуваат ново внимание од јавноста. 

Имено, сајтот Криминалите на ВМРО-ДПМНЕ, кој постојано објавува содржини контра најголемата опозициска партија, објави интересна, како што ја нарече, Аудио бомба, во која се наведува како всушност, како што велт од сајтот, ВМРО-ДПМНЕ ги организира протестите на "незадоволните" земјоделци пред Влада.


Слично

Поврзани вести