Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: Eвропа е на потег, амбасадорите праќаат пораки, Македонија мора да прави реформи

ФОКУС НА ДЕНОТ: Eвропа е на потег, амбасадорите  праќаат пораки, Македонија мора да прави реформи

Европските лидери одново прават грешки на Западен Балкан со третирање на регионот како зафрлено подрачје кое е небитно за суштинските проблеми на ЕУ, или како мочуриште од кое побогатиот и постабилен европски Запад сака да се изолира, се вели во анализа на Фајненшл Тајмс. 

Текстот е посветен на ставот на ЕУ кон Македонија, Албанија и остатокот од регионот, кој сака да се приклучи на европското семејство.

„Парламентот на Германија ја одложи одлуката до септември, Долниот дом на холандскиот парламент одби да ги почне преговорите со Албанија. Францускиот претседател Емануел Макрон бара да се обрне внимание на внатрешните реформи на ЕУ и на зајакнување на еврозоната“, а истовремено стравува дека нови преговори за проширување може да се искористат против него дома. 

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние повтори и дека за официјален Париз приоритет е реформа на унијата, а за земјава порача да продолжи со реформската агенда. 

“Беа направени чекори напред, останува уште работа и наредните месеци кои што се дадени до есен може да служат како повод за да се испорачаат дополнителни докази за вашиот капацитет да се реформирате и корисно да ги отворите преговорите”, рече Тимоние.

На ова одговори претседателот на советот Никола Поповски кој кажа дека земјава долго време е во чекалната на унијата, и повика реално да се согледа ситуацијата.

Следната шанса за земјава да го обезбеди посакуваниот датум за почеток на преговори со Унијата е на 17 и 18 октомври во Брисел за кога е закажана седницата на Европскиот совет, на кој се очекува да доминираат темите за конечниот излез на Британија од Унијата и новиот состав на Европската комисија.

Германскиот и францускиот амбасадор во земјава со пофалби за досега стореното.

Една година по завршувањето на историскиот Преспански договор, официјално Скопје остана со кратки ракави. Иако уште пред една година, лидерите на ЕУ речиси ветија дека на Северна Македонија и Албанија во јуни 2019 година ќе им се даде датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ, сега е сосема јасно дека тоа е лага. 

Одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска партија, Нова демократија, Јоргос Кумуцакос вели дека хипокризија од ЕУ е прво да ја притиска Грција за штетниот Договор од Преспа, а сега да каже не одиме напред со интегративниот процес. 

Ова тој го изјави по вчерашните заклучоци за Северна Македонија на Советот на министри на ЕУ, коментирајќи дека тоа го задира кредибилитетот на Унијата.

Како што пренесува МИА од Атина, Кумуцакос говорејќи во дебатна емисија на грчката телевизија ЕРТ, додава дека постојат држави што реагираат и не сакаат Скопје да започне пристапни преговори.

Слично

Поврзани вести