ФОКУС НА ДЕНОТ: Две деца изгореа во пожар, смени на началници во МВР
Деца на возраст од три и една и пол години загинаа во пожар.
Премиерот во техничката Влада, Оливер Спасовски придружен од претставници на институциите, го посети местото, каде што се случи пожар во семејните куќи во Шуто Оризари, во кој загинаа две малолетни деца.
„Изразувам длабоко сочувство до семејството, градоначалникот и граѓаните на Шуто Оризари, за големата трагедија што се случи. Заедно со претставници на Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика излеговме веднаш на терен. Ќе обезбедиме сéшто е потребно како првична помош, итно сместување и финансиска помош“, рече премиерот Спасовски.
Премиерот Спасовски најави дека со градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш ќе разговараат за определување финансиски средства заедно со локалната самоуправа за да се помогне подобрување на инфраструктурата во општината.
„Ваквите настани треба да ни бидат поука за во иднина, да направиме сé што е потребно за да не ни се случуваат вакви трагични настани“, додаде премиерот Спасовски, кој изрази сочувство за загинатите деца во пожарот во Шуто Оризари.
МВР ги објави новите 12 началници и нивни заменици, кои ќе се грижат за секторите во министерството, со цел претстојните парламентарни избори да минат во најдобар ред и да нема политички притисоци и инциденти и претходно и на денот на гласањето.Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Славјанка Петровска, заменикот министер за внатрешни работи Агим Нухиу и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски денеска одржаа работен состанок со раководителите и дополнителните раководители кои се назначени согласно член 44 од Законот за Влада на Република Северна Македонија, објави МВР.
Објавена е и фотографија на раководството на МВР со новите началници.
Ристо Ставревски не е прифатлив да биде шеф на Секторот за внатрешни работи Скопје, за заменичката министерка во МВР, Славјанка Петровска.
Заменик министерката во МВР, Славјанка Петровска не ја потпишала одлуката за назначување на Ристо Ставревски за шеф на Секторот за внатрешни работи во Скопје.
Снежана Лупевска-Созен повеќе нема да ја извршува неформалната функција одговорен уредник на информативната програма на телевизијата Телма.
Според сознанијата на Фактор, на оваа позиција доаѓа Марија Дивитарова - Савановиќ, сегашна уредничка на вести во телевизијата.
Две години поминаа како непушачите, но и пушачите се трујат од чадот од цигари на тераси, бавчи и платформи надвор од угостителските објекти откако пред две години тоа беше овозможено со законски измени.
До утрово, повеќе од 5000 граѓани дадоа поддршка на петицијата со која се бара враќање на Законот против пушење во затворен простор.
„Славниот“ Фолксваген Туарег со кој Диме Спасов како дополнителен заменик министер за труд и социјална политика оштети две возила на улица Алжирска во Скопје и потоа бегаше од полицијата, е превземен од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.Во Македонија се уште не постои никаков институционален систем за селекција на отпад и потоа негово соодветно третирање и рециклирање, туку се е оставено на добрата волја на самите потрошувачи и поединци. Слична е состојбата и во Латинска Америка каде постои недостиг од институционален капацитет, но Коста Рика е неверојатен пример на земја која се справува одлично со сите проблеми со животната средина.
Хотели Метропол останува број еден по приход и според профит, хотелски бренд на охридската ривиера. Одлични резултати има хотелиерската фирма „Филип Охрид ДООЕЛ“, а најсилен прогрес остварија трите дами сопственички на „Уникат 2017“ фирма што управува со „Јуник Ресортс“.
