ФОКУС НА ДЕНОТ: Црна Гора и Хрватска го изгласаа Протоколот, СДСМ на избори оди со Пендаровски
Црна Гора и Хрватска го изгласаа Протоколот за пристапот на нашата земја во НАТО.
Хрватскиот Сабор со 116 гласа „за“ го ратификуваше Протоколот за прием на Македонија во НАТО. Денеска се очекува истото да го стори и собранието на Црна Гора.
Хрватска е петта земја која го ратификува Протоколот за прием на Македонија во Алијансата, по Грција, Словенија, Албанија и Бугарија.
Присутни пред хрватскиот Сабор како гости беа пратеници од македонското Собрание, меѓу кои Фросина Ременски од СДСМ и Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.Лидерот на Новата српска демократија, Андрија Мандиќ, во Парламентот на Црна Гора, порача дека Демократскиот фронт нема да го поддржи протоколот и им налути на пратениците на владејачката ДПС затоа што свечено го пречекале претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери.
„Тој е познат по носењето на автомати и пукање кон македонската полиција. Срам да ви е “– порача Мандиќ.Стево Пендаровски е претседателски кандидат на СДСМ.
Тој е претседатерслки кандадат на СДСМ за претстојните избори закажани за 21-ви април.
Претседателот на СДСМ Зоран Заев замина во скопски хотел, каде го очекуваат лидерите од коалицијата предводена од СДСМ на дополнителни консултации.Европратеникот Туне Келам изјави дека остануваат неколку месеци до јуни кога Европскиот совет треба да донесе одлука за пристапните преговори.
Вели дека во овој период нашата земја треба да се фокусира на реформските цели и националното единство.
„Нема време за губење. Добра вест е што и Владата и опозицијата се согласни дека евроинтеграцијата треба да напредува“, вели Келам.
Тој ја предводи седумчлената делегација на Европскиот парламент во посета на земјата со цел оценка за реформите и подготвеноста за отпочнување пристапни преговори.
Смета дека Северна Македонија и граѓаните го заслужуваат почетокот на преговорите со ЕУ. Како многу важни ги спомна и претстојните претседателски избори кои мора да бидат транспарентни.
„Ваша задача е да го зајакнете националното единство, да ги продолжите реформите. Сега не е време да ги славите успесите кои се реално постигнати, туку да се фокусирате на активностите што се од суштинска важност за вашата земја. Нас ни е потребна Северна Македонија како членка на ЕУ“, вели Келам, кој е претседател на Комитететот за надворешни работи при Европскиот парламент.
Тој потенцираше дека посетата е во време кое е од критичка важност за Северна Македонија.
