Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: Ципрас оди до крај, Визер летови за 20 евра, се бара нов референдум

ФОКУС НА ДЕНОТ: Ципрас оди до крај, Визер летови за 20 евра, се бара нов референдум

Грција нема да се повлече од договорот од Преспа и ќе оди до крај. Ова го тврди лично и персонално грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Владата на Ципрас ќе ја спасуваат шестмина пратеници од редовите на националистичките, комунистичките и демократските партии во грчкиот парламент а Панос Каменос денес почна по стапките на ВМРО ДПМНЕ и исклучуваше министри од редовите на својата партија.

Сепак, Ципрас нема толку лесно да се откаже од „дилот“ со Македонија а кој ќе му ја спасува Владата читајте овде.

Тодор Петров успеа да добие зелено светло за иницијативата која ја покренува за нов референдум. Сепак ќе треба да се помачи и да собере 150 000 потписи а прашањето на кое ќе гласаат Македонците повторно ако Петров успее да ги собере граѓаните на своја страна ќе гласи „Дали сте за промена на името на државата Македонија во држава Северна Македонија?“. Деталите за иницијативата за референдумот ги имате овде.

Авиокомпанијата со која надлежните денес потпишаа договор отвора нови осум авиолинии. По цена од 20 евра Македонските граѓани ќе може да летаат до Малме и Милано а деталите за оваа тема ги имате тука.

Во кој случај ќе го активира Заев двотретинското мнозинство?

Ако ВМРО ДПМНЕ реши да ги бојкотира претседателските избори тогаш може да се соочи со  иницијатива за нови уставни измени, но сега за изборот на претседател и тоа тој да се одвива во самото Собрание. Деталите тука.

Слично

Поврзани вести