Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: Ципрас ќе дојде во Скопје, Илинденска Македонија било избран предлог

ФОКУС НА ДЕНОТ: Ципрас ќе дојде во Скопје, Илинденска Македонија било избран предлог

Грчкиот премиер Алексис Ципрас од економскиот форум во Делфи најави дека ќе биде првиот шеф на една грчка влада што официјално ќе ја посети „Северна Македонија под новото уставно име“. Со него ќе дојде и цела бизнис-делегација.

Тој најави дека во Скопје ќе се зборува како да се продлабочи соработката во одредени гранки, а најмногу во трговијата, туризмот, безбедноста, енергетиката и културата.

Ципрас дел од своето обраќање посвети на Преспанскиот договор и им порача на противниците на спогодбата дека „Атина и Скопје веќе го победиле национализмот“.

Извештајот на Би-Би-Си за постоењето на македонско малцинство во Грција е грчка „внатрешна работа и предмет на грчка дебата", изјави македонскиот министер за надворешни работи,  Никола Димитров во ексклузивното интервју за грчката телевизија СКАИ.

„Живеев и го дишев Преспанскиот договор со месеци ... понекогаш го гледам и во моите соништа. Така го гледам ченот 4 (3) од договорот, велејќи дека се согласуваме да не се мешаме во внатрешните работи на соседот. Членството на БиБиСи и прашањата што ги покрена се нешта што се за грчкиот внатрешен политички дијалог, можеби тоа е прашање на меѓународните обврски, но мислам дека не е корисно за тоа каде сакаме да одиме. Тоа треба да биде тема на грчка дебата“, вели Димитров. 

На прашањето дали „Северна Македонија чувствува дека постои северномакедонско малцинство" во Грција и дека е обврзана да го заштити, Димитров инсистираше на тоа дека „двете страни, Атина и Скопје, се согласиле дека нема да има интервенции за овие прашања“.

Група пратеници од параментарното мнозинство побараа формирање на ново министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

„Заради функционирање на државата во делот на работите поврзани со политичкиот систем, спроведување на Охридскиот рамковниот договор и пинципите кои произлегуваат од овој Договор како и унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците во Република Северна Македонија, се појави потреба да се основа ново Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците“, се вели во образложението.

Веднаш стигнаа и првите критики, а најгласна во реакцијата беше професорката Мирјана Најчевска.

Слично

Поврзани вести