Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: Чистка во СДСМ и проштални писма

ФОКУС НА ДЕНОТ: Чистка во СДСМ и проштални писма

Следниот месец ќе бидат сменети и неколку министри, а премиерот Зоран Заев синоќа најави дека своите министерски фотелји ќе ги напуштат повеќе од тројца министри. Тоа значи дека ќе биде избрана нова Влада, затоа што како што рече Заев, со досега сменетите ќе се промени една третина од Владата. 

Премиерот изјави дека очекува ова да го следат и неговите коалициони партнери.

„Секако очекувам фидбек веќе следната недела и од Ахмети и од Африм Гаши и од Мендух Тачи и од сите коалициони партнери, затоа што имаме слаби функционери кои мора да ги замениме и да дојдат нови.

Тој најави и дека ќе има промени и рокади и кај замениците министри но ќе им се заблагодари и на некои директори на некои јавни претпријатија кои не се покажале доволно. 

Рече дека нема потреба тој да си оди и да поднесе оставка затоа што оваа Влада и премиерот одржале лекција на успешност.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев смета дека не е сериозно да ја коментира одлуката за партиските разрешувања во СДСМ.

Тој денеска одговарајќи на прашањата на новинарите рече дека му е чест што е дел од Владата на Заев, но дека сепак секоја функција е минлива.

-Секој кој добил државна функција треба да биде свесен дека еден ден таа функција и ќе ја напушти и тука јас не гледам голема трагедија во сето тоа. Јас лично сум  релаксиран по тоа прашање и мислам дека кој и да било да одговори на тоа прашање  освен премиерот е несериозно и немам што да одговорам повеќе - истакна Анѓушев.

Довчерашниот генерален секретар Александар Кирацовски на социјалните мрежи се огласи откако е разрешен на Централнито одбор на партијата.

Тој пишува дека синоќешните одлуки на ЦО на СДСМ се за заедничко добро и само во партија каде што има висока свест. 

„Продолжуваме заедно напред! 
Независно кој на која позиција и во која улога ќе биде, продолжуваме заедно кон мисијата да обезбедиме подобар живот за сите граѓани!

Во тешки услови и преку долгогодишна борба за правда и демократија, како тим, заедно успеавме да го поразиме режимот, потоа заедно ги премостивме сите предизвици на патот Македонија да ја направиме Европска, а сега со обновени сили продолжуваме да ја градиме нашата држава.

Речиси координирано, и Благој Бочварски со Фејсбук статус даде свое видување за оставката како потпретседател на СДСМ, откако истото претходно го направи и досегашниот генерален секретар на владеачката партија Александар Кирацовски.

Градоначалникот на Штип објави слична содржина како и пратеникот и најави дека суетата е најмал проблем откако беа разрешени сите шест потпретседатели на СДСМ синоќа.

„СДСМ е голема, државотворна партија која ја води државата напред секогаш кога практикува власт. 
Затоа најважно од се е дека СДСМ мора да победува уште посилно, слабостите кои се јавуваат да ги отклонуваме, предностите да ги надградуваме.

Слично

Поврзани вести