Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фокус на денот: Бејли пишува пораки, „паѓаат“ куќни притвори, кој се спаси, а кој ќе гласа?

Фокус на денот: Бејли пишува пораки, „паѓаат“ куќни притвори, кој се спаси, а кој ќе гласа?

Премиерот Зоран Заев ќе иницира истрага за наводите на американскиот амбасадор, Џес Бејли во писмото до судиите. 

Според пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, писмото од Бејли до судиите е дипломатски скандал.

„Дали се чувствува загрижен премиерот Заев по писмото на Бејли до претседателите на судовите во кое амбасадата бара да не се користи како извор при носење одлуки. Ова е дипломатско-судски скандал. Американскиот амбасадор бара да не се злоупотребува неговото име, а поврзано со местење судски процеси. Дали како премиер ќе побарате истрага кон судии кои го злоупотребиле овластувањето?“, праша тој.

Премиерот Заев рече дека за писмото дознал од медиумите.

Апелациониот суд одлучи Орце Камчев и неговиот соработник Цветан Панделески, директор на ЗК Пелагонија, да одат во домашен притвор. 

Денеска или најдоцна утре тие ќе бидат пуштени од Истражниот затвор Шутка. 

За останатите осомничени за случајот „Империја“, соработникот на Камчев- Ненад Јосифовиќ,  директорот на „Ексико“ – Тодор Мирчевски и за Зорица Арсовска – сметководител во фирмите на Камчев Апелациониот суд засега нема донесено одлука по предлогот на Специјалното јавно обвинителство кое побара поблаги мерки за обезбедување.

Десетина обвинети во најобемниот предмет за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста попладнево добиле амнестија, објави ТВ 24. Извори од судот за ТВ 24 велат дека за нив  сепак одлучувал Кривичен совет, а не судијката Добрила Кацарска, како што се очекуваше. 

Во Швајцарија е ликвидиран убиецот на Дилавер Бојку Леку, пишуваат швајцарските медиуми. Тие пренесуваат дека станува збор за крвна одмазда и нетрпеливост помеѓу две непријателски македонски семејства. 

Во малото швајцарско село Рути, на 25 овој месец, ноќта околу 2 часот, со неколку истрели е убиен сопственикот на ресоранот „Барен“ И.Истрефи, по потекло од Струга за кој швајцарските власти сметаат дека е лицето кое наводно го убило познатиот струшки криминалец Дилавер Бојку, објави швајцарски Блиц.

Слично

Поврзани вести