Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: Aнтикорупционерите „ловат“ непотизам, девојче почина од грип

ФОКУС НА ДЕНОТ: Aнтикорупционерите „ловат“ непотизам, девојче почина од грип

Зоран Ременски, внукот на пратеничката Фросина Ременски, се најде на новата листа од 42 имиња на Антикорупциска комисија како можно вработување преку непотизам во АД ЕЛЕМ на денешната седница.

Како вработена во АД ЕЛЕМ на списокот се најде и шурнајката на министерот за економија Крешник Бектеши, а нов момент е со Ајсел Фазлиу, сестрата на министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, како вработена во Владата, како и неговиот внук Абдул Кадел кој бил унапреден во директор за безбедност на железничкиот систем.

На списокот се најдоа и имиња од претходното раководство кои беа критикувани во последно време од власта. Таму ја има Кристина Божиновска со работно место во Агенцијата за електронски комуникации како сопруга на поранешниот секретар на Владата, Кирил Божиновски, и снаа, вујко, братучед и братучетка на пратеникот Антонио Милошоски вработени во УЈП, Катастар, Централен регистар и Водовод Скопје, како и таткото и сестрата на генералниот секретар на ВМРО, Игор Јанушев, од Центар за управување со кризи и МВР.

Нов смртен случај од грип регистрирал Институтот за јавно здравје минатата недела.

86 годишна жена од Скопје е жртва кај која не е утврдено присуство на коморбидитети.

Статистиката објавена на ИЈЗ бележи раст на заболени лица споредбено со претходната недела.

„Во текот на 8-ма недела од 2019 година (18.02-24.02.2019), во Република Македонија се пријавени 3.209(I=155,1/100.000) случаи со заболувања слични на грип, што е за 9% зголемување во споредба со минатата недела (n=2.943).

До 2020 година Шпаракасе банка и Охридска банка ќе се спојат и ќе функционираат како една банка, која по спојувањето ќе стане четврта по големина банка во земјава, изјавија попладнево од менаџментот на Штаермеркише Шпаркасе. Австриската банка утрово објави дека постигнале договор со Сосиете женерал за купување мнозиниски удел во Охридска банка. Штаермеркише Шпараксе со тој договор треба да откупи 74 отсто од Охридска банка, удел кој до сега го поседуваше Сосиете женерал. Овој пакет, според директорите, вреди околу 52 милиони евра. 
Останатите акции може да бидат превземени ако на продажба се одлучат и други акционери на Охридска банка.

Двајца шалтерски работници на Град Скопје се уапсени утринава од страна на полицијата. Станува збор за лицата Ј.С. и Е.С од одделението за даноци на Град Скопје во добропознатата „барака 16“ каде што се работи со прием на странки.

Приведените се осомничени за злоупотреба на служебна должност и за компјутерски фалсификат и компјутерска измама.

Осомничени се дека правеле измама на тој начин што на странките им наплаќале помала сума на данок отколку што им е стигнато во решенијата, а во системот внесувале дека ја наплатиле целосната сума од решенијата и со тоа го оштетиле буџетот на Град Скопје.

Поранешниот член на Државната изборна комисија, Анета Стефановска, денеска се расплака на судењето како обвинета во случајот „Титаник 3“, инаку предмет на СЈО за малверзации на локалните избори во 2013.

Овој случај е познат по тоа што Бедредин Ибраими како член на ДИК гласал да се повтори гласањето во Струмица на барање на Мендух Тачи, лидерот на ДПАм под влијание на Сашо Мијалков, екс-директорот на УБК. Покрај овие тројца, обвинети се уште и Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев, како членови на ДИК кои тогаш исто така гласаа за прегласување.

Слично

Поврзани вести