Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: Амнестија за без пари, изјава за 50 евра, Свиркачите „ќе тераат по старо“

ФОКУС НА ДЕНОТ: Амнестија за без пари, изјава за 50 евра, Свиркачите „ќе тераат по старо“

Ѓорѓи Лазаревски и Ѕвонко Костовски, свиркачите кои ја открија аферата за најмасовното прислушување во Македонија се вратија на работа во Министерството за внатрешни работи.

Дека се враќаат на работните позиции објави самиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот фејсбук профил. Објави и фотографија со двајцата.

Лазаревски и Костовски добија отказ од тогашниот директор на УБК, Сашо Мијалков, откако ги извлекоа прислушкуваните материјали кои потоа беа наменети како „бомби“ во јавноста и предадени на СЈО.

Настаните од 27 април и предложената амнестија резултираа со инцидент во Судот. Обвиниетиот Игор Југ кој е во притвор на пратениците кои исто така се осомничени и кои седеа во судницата им се обрати со зборовите „Што се криете“. Мислеше на амнестијата, а за да не продолжи расправата интервенираа и затворските полицајци. Во меѓувреме пратеникот Љубен Арнаудов кој не е во притвор на новинарите им побара 50 евра за изјава за тоа дали ќе побара амнестија. Новинарските екипи успеаја да соберат дури и повеќе пари од бараната сума и на излез од судот му ги понудија, но тој не ги зема парите со образложение дека се шегува.

Караџоски и Судскиот совет си ги зголемиле платите за плус 21 000 денари. Оваа информација ја објавија дел од медиумите кои приложија и документ.

Станува збор за зголемување на платите за 35 отсто, а дејството ќе биде ретроактивно и ќе има исплата на овој надоместок и за платите од септември и октомври.

Законодавниот дом расправаше и денеска за дополнетиот Предлог-буџет за 2019 година.

 И власта и опозицијата втор ден со спротивен став дека дополнетиот буџет за следната година е социјален  и со многу инвестициски вложувања додека опозицијата смета дека е мегаломански и неразвоен, дека нема реални проекции и интерес за дебата.


Слично

Поврзани вести