ФОКУС НА ДЕНОТ: Ахмети и Заев бараат кандидат за претседател, ОЈО повикува сведоци, премиерот и Силјановска си разменија критики
Попладнево започна средбата помеѓу политичките лидери од владината коалиција - Зоран Заев и Али Ахмети во Клубот на пратеници околу можноста да се изнајде консензуален кандидат за претседател на државата пред изборите во април.
Претседателите на СДСМ и ДУИ повторно ги зближуваат ставувите по кусите недоразборања за време на кои едната партија распиша конкурс за аплицирање на потенцијални кандидати за шеф на државата, додека вторите донесоа одлука на состанок дека самостојно ќе одат со свој избор во албанскиот кампус.
Заради координација и поголема динамика во постапувањето на сите надлежни институции при утврдување на причините за автобуската несреќа што се случи на автопатот Скопје-Тетово, кај село Ласкарци, во Основното јавно обвинителство Скопје денеска се одржа работен состанок на претставници од надлежното обвинителство, Министерството за внатрешни работи, Бирото за судски вештачења, Машинскиот факултет во Скопје и на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија.Премиерот Зоран Заев вели дека претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, е надвор од секој можен концепт на актуелната власт и не е прифатливо решение за нив.
Ова го изјави премиерот Заев по средбата со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на која разговараа за консензуален кандидат за претседател. Рече дека Силјановска воопшто не е профил за консензуален претседател и е спротивност на концептот едно општество за сите.
„Таа во ниту еден сегмент не даде поддршка на тоа што цел свет го поддржува и огромното мнозинство на граѓаните. Македонија направи голем чекор напред, отидовме во исполнување на нашите децениски аспирации. Ние денеска сме земја каде што секоја недела се ратификува протоколот за НАТО, ние сме земја што е преговарач со ЕУ”, таа е надвор од секој концепт на живот, надеж и живеење на огромно мнозинство од граѓаните“, изјави Заев.
Професорката Гордана Силјановска Давкова, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател му одговори на премиерот, Зоран Заев кој денеска изјави дека таа е надвор од актуелниот концепт на живот, надеж и живеење на огромно мнозинство од граѓаните, и надвор од концептот едно општество за сите.
Таа на Фејсбук напиша дека на навредите и етикетите кон неа им се придружи и премиерот.
„Јас сум надвор од неговиот концепт на живот во кој работа има само за децата на неговите министри и владини функционери. Надвор сум од неговиот концепт за живот во кој тендери има само за неговите соработници, пријатели, роднини и партиски другари. Не сакам да бидам дел од концептот во кој живеењето значи од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да исчезнат 19 милиони и никој да не одговара“, напиша професорката.
