ФОКУС НА ДЕНОТ: Аферата со пензиите „врие“, ВМРО-ДПМНЕ бара избори, дишеме отров
Деновиве афера со пензии ја тресе Македонија.
Се јавија од Фондот на пензиско и инвалидско осигурување по скандалот со парите кои не биле префрлани во вториот столб.
Тие денеска преку соопштение наведоа причини поради кои, како што вели, не се распределени осигуреници во вториот пензиски столб.
Велат дека со воспоставување единствен регистар на осигуреници каде што податоците ќе бидат единствени и точни и ќе бидат користени од сите институции вклучени во интегрирана наплата на придонесот, според Фондот, ќе бидат надминати сите ризици за регистрација и распределба.
Според анализите, најголем број нераспределени осигуреници се осигуреници на кои приемот во осигурување им е во периодот од 2003 до 2007 година, а не од 2009 и 2010 година.Во врска со објавената информација од страна на Министерството за труд и социјална политика за 12.000 ненавремено распределени членови, КБ Прво пензиско друштво АД Скопје ја информира пошироката јавност дека во согласност со Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, Фондот на ПИОМ има обврска за распределба на осигуреници во задолжителен пензиски фонд од денот на нивно пристапување во пензиско и инвалидско осигурување.
„Фондот на ПИОМ има обврска веднаш, а најдоцна во рок од 5 работни дена од датумот на уплата на придонесот, да изврши уплата на дел од придонесот дефиниран со регулатива, на индивидуална сметка на членовите во соодветниот задолжителен пензиски фонд. Обврска на пензиските друштва е средствата кои се префрлаат од страна на Фондот на ПИОМ на име на придонеси за пензиско осигурување, согласно добиените податоци од нивна страна да ги распределува на индивидуални сметки на членовите за потоа истите да се инвестираат. Пензиските друштва немаат податок за вработените лица кои треба да бидат распределени во задолжителните пензиски фондови. Овој податок пензиските друштва го добиваат од Фондот на ПИОМ, а начинот на распределба на осигуреници е законски дефиниран“, велат оттаму.
Кој и кога ќе понесе одговорност и дали истражните органи ќе ја завршат работата до крај. Граѓаните кои се вработени и кои се членови на еден од двата приватни пензиски фонда се запрепастени од информацијата дека десет години државниот ПИОМ ги добивал за нив уплатените придонеси, но не ги префрлал во приватните фондови.
Од ВМРО-ДПМНЕ бараат одржување на избори.
Од нивната пратеничка група бараат распуштање на Собранието и распишување на предвремени парламентарни избори, кои би се одржале заедно со вториот круг од претседателските избори во мај.
Тие го повикаа премиерот Зоран Заев да си поднесе оставка од функцијата премиер во најкус можен рок, за да се испочитуваат роковите од сто дена за составување на техничка Влада. Велат дека време за губење нема.Во пет градови вечерва граѓаните дишат многу загаден воздух, покажуваат податоците од Министерството за животна средина.
Екстремно загаден е воздухот во делови од Скопје, Тетово, Струмица, Битола и Кавадарци.
Во Гостивар и Куманово е високо загадено, а средно загаден воздух дишат граѓаните на Кочани.
Поранешниот премиер кој во моментов ужива бегалски статус во Будимешта а е осуден на две години затворска казна ќе си остане без пратеничката плата.
Ова станува јасно од клучната измена на законот за плати на избрани и именувани којшто група пратеници побараа да се стави како дополнување на дневниот ред на денешната седница.
