ФОКУС НА ДЕНОТ: Аболиција, екстрадиција и апсење
Премиерот Зоран Заев денеска пред медиумите рече дека претседателот на државата Ѓорѓе Иванов нема да има време кога да ги аболицира осудените за „27 април“. Ваквиот коментар на шефот на Владата следува откако од пред една недела од Кабинетот на претседателот потврдија дека адвокати на осудените поднеле барање за помилување.
https://www.faktor.mk/zaev-ivanov-nema-da-ima-vreme-za-da-abolicira
Министерството за правда потврдува дека во тек се води постапка за екстрадиција на 15 лица од Македонија за кои Турција тврди дека се припадници на од нивна страна прогласената терористичка организација ФЕТО.
https://www.faktor.mk/ministerstvo-za-pravda-vo-tek-e-postapkata-za-ekstradicija
Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, е уапсен од британската полиција во амбасадата на Еквадор во Лондон. Полицијата ја спроведе наредбата откако Еквадор му го укина дипломатскиот азил. Асанж живееше седум години во амбасадата на Еквадор и не се движеше никаде на друго место за да не биде уапсен.
https://www.faktor.mk/video-asanz-uapsen-vo-ekvadorskata-ambasadata-vo-london