Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОКУС НА ДЕНОТ: 15 жртви однесе несреќата кај Ласкарци, ВМРО ДПМНЕ се одлучи за Силјановска

ФОКУС НА ДЕНОТ: 15 жртви однесе несреќата кај Ласкарци, ВМРО ДПМНЕ се одлучи за Силјановска

Несреќата која во средата се случи кај селото Ласкарци кога автобус на компанијата Дурмо Турс излета од патот и се преврте зеде уште една жртва.

Последните информации од надлежните се дека утринава околу 5 часот починал Ферди Касо од Гостивар кој имал 39 години.

Имал сериозни повреди и крварења во белите дробови при што им подлегнал на повредите.

Од несреќата кај Ласкарци згасна уште еден живот: Касо зад себе остави две деца

ВМРО ДПМНЕ на денешната конвенција одлучи на претстојните избори за шеф на државата да настапи со професорката Гордана Силјановска.

Таа од делегатите добила над 400 гласа, додека Влатко Ѓорчев кој беше исто така голем фаворит доби само 80 гласа за поддршка.

Силјановска: Мојот татко се бореше за Република Македонија а не за Северна

Законот му дозволува на Дурмуш неговата фирма технички да ги проверува автобусите кои се во негова сопственост

Сопственикот на компанијата „Дурмо турс“ чиј автобус во средата попладне излета од патот кај село Ласкарци и во смрт однесе 14 животи без проблем можел сам да си врши технички прегледи на возилата кои ги поседува.

Дурмуш Белули во истовреме е сопственик и на „Aвтомото здружение Гостивар“ од Гостивар или станицата за технички преглед. 


Слично

Поврзани вести