„Тешко ми е да замислам дека унгарската влада ќе му додели азил на поранешниот премиер Никола Груевски. Прво затоа што Груевски може да биде сигурен дека ќе добие правично судење во Скопје, а второ, секогаш мислев дека Орбан не прифаќа баратели на азил во неговата земја“, напиша европратеникот.
Синоќа Европската Комисија побара почитување на владеењето на правото во земјите членки како и во земјите кандидати на ЕУ и порача дека судскиот процес не смее да се политизира.
