Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФК Брегалница го осуди нападот врз нивните фудбалери: Апелира до институциите случајот да биде професионално решен

ФК Брегалница го осуди нападот врз нивните фудбалери: Апелира до институциите случајот да биде професионално решен

Фудбалскиот клуб Брегалница, чии играчи беа повредени при инцидентот на крајот од натпреварот со ФК Шкупи (генерација 2009-2010) апелира на професионално испитување на случајот од страна на институциите. Клубот го осуди нападот, додавајќи дека во спортот, нема место за насилство.

„Најостро го осудуваме денешниот инцидент на натпреварот помеѓу ФК Брегалница и ФК Шкупи (2009-2010 генерација). Спортот треба да биде колевка на почит, култура и демонстрација на здрави навики. Не смееме да дозволиме ваква слика да се повтори на било кој фудбалски терен. Тоа треба да биде место за натпреварување и покажување на манири кои се учат од најмала возраст. На повредените деца им посакуваме брзо закрепнување и апелираме до институциите професионално да ја испитаат денешната случка и соодветно, со највисоки казни да ги санкционираат виновниците“, велат од ФК Брегалница.

Неофицијално, инцидентот почнал откако фудбалер на ФК Шкупи добил црвен картон. Незадоволен, почнал да удира по фудбалерите, а потоа се приклучиле и тројца родители.

Едниот родител, како што соопшти МВР за Фактор, бил приведен, а за случајот бил известен и јавен обвинител.

ЌЕ БИДЕ ПОВЕДЕНА ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ПРОТИВ ФК ШКУПИ: ФФМ го осуди инцидентот во Штип

Родител на фудбалер од „Шкупи“ ги нападнал малолетните фудбалери од „Брегалница“: Детали од МВР за инцидентот во Штип

ВИДЕО: ДВЕ ДЕЦА СЕ ВО БОЛНИЦА: Инцидент по натпреварот на младинските екипи на Брегалница и Шукпи


Слично

Поврзани вести