Економија, финансии, бизнис

Контакт

Физички нападнат полициски службеник

Физички нападнат полициски службеник

Вчера околу 1:30 часот по полноќ, физички бил нападнат полициски службеник кој вршел внатрешно обезбедување на објектот на Министерството за надворешни работи.

Според информациите од МВР, полицискиот службеник слушнал тропање пред објектот и кога излегол надвор забележал неколку непознати лица од кои едниот физички го нападнал.

Во врска со настанот, во Полициска станица Центар биле приведени М.Ј.(30) и Ф.В.(30) двајцата од Скопје, Б.Д.(29) од Куманово и В.Д.(32) од Тетово.

Од МВР се превземаат мерики за целосно  расчистување на случајот.


Слично

Поврзани вести