Физичка пресметка пред скопски ресторан на „Боемска“
Педесет годишен маж од Скопје бил нападнат на улица „Боемска“, веднаш по излегувањето од угостителски објект.
Тој забележал дека две лица, кои ги знаел од претходно, како се приближуваат кон него. Едниот од напаѓачите држел палка во раката. Лицата физички го нападнале, а од страна на гости во објектот била спречена натамошна физичка пресметка.
Од МВР соопштија дека е извршен увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Нападнатиот во полициската станица навел дека со напаѓачите претходно имале недоразбирања.
Слично
