ФИТР: Се запираат проектите на компаниите кои земале државна помош, а не исплатиле минималец
Од Фондот за иновации и технолошки развој информираат дека се запира реализацијата на проектите на компаниите кои се најдоа на листата на УЈП.
„Ја информираме јавноста дека се запира реализацијата на проектите поддржани од #ФИТР на сите компании кои се најдоа на листата на УЈП за неисплатени минимални плати од државна помош. Стaнува збор за три активни проекти. Од нив за еден се досега исплатени финансиски средства (Гери Ван Симон ДООЕЛ), а средствата се предмет на мониторинг од страна на меѓународна ревизорска куќа. За активните проекти на останатите две компании (МСТ Солушн и Лини 08 ДООЕЛ) досега не се исплатени финансиски средства од Фондот. Овој чекор следи по објавените податоци од УЈП и Генералниот секретаријат на Влада на Република Северна Македонија, што укажуваат на несоодветен однос на овие компании кон работниците, особено во време на глобална пандемија со КОВИД 19. Истото, сериозно влијае врз угледот, а со тоа и капацитетот на овие компании за реализација на предвидените проекти. Потсетуваме дека капацитетот, како и поширокото влијание на проектите се дел од критериумите за евалуација и доделување на финансиска поддршка од Фондот“, соопштија од ФИТР.
