Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фити: За Гоце Делчев комисиите беа блиску до договор

Фити: За Гоце Делчев комисиите беа блиску до договор

Aкадемик Таки Фити вечерва во интервју за Тв 24 изјави дека залогот е многу голем за ЕУ, промена на името, и е разочаран што Македонија не доби датум. 

Тој очекува дека по францускиот нон пејпер, условите за членство ќе се заоструваат. 

Вели дека Договорот од Преспа и Договорот со Бугарија беа единствен пат за да се деблокираат процесите. 

Тој кажа дека македонската и бугарската комисија, биле блиску до договор за револуционерот Гоце Делчев. 

„Јас мислам дека за дел од тие преродбеници нема да прават проблем, исто и за Крсте Петков Мисирков верувам дека нема да прават проблем. Тој е еден од најмаркантните личности за македонската кауза“, рече тој. 

Фити рече дека не премолчеле ништо како МАНУ, ниту Договорот со Бугарија, ниту со Грција, а изнеле свои ставови и за двојазичноста. 

Слично

Поврзани вести