Фирмите ќе ги поскапат услугите на зградите кои ги одржуваат за 20 отсто
Ќе скокнат цените на услугите кај фирмите кои ги одржуваат колективните згради, објави 24 вести.
Причината како што велат дел од фирмите било нерентабилното работење.
„Одлучивме да го поскапиме одржувањето за 20 отсто. Новата цена е околу 200 денари. Сметаме дека на овој начин ќе ги покриеме загубите со зголемените трошоци за вработените, а станарите ќе добијат поголеми сметки само за 35 денари со пресметан ДДВ“, велат дел од станбените управители кои веќе направиле корекции, но сметата дека оваа цена не е превисока, оти има лиценцирани фирми кои за истата услуга наплаќаат и по 500 денари.
Како што пишува 24 вести, голем дел од станарите не се задоволни од работењето на лиценцираните фирми.
Едни велат дека за многу пари, добиваат нула услуга. Други вината за лошо одржуваните влезови ја лоцираат кај самите станари, а има и такви за кои посигурна.
