Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фирмите ги трошат заштедите за дневна ликвидност!

Фирмите ги трошат заштедите за дневна ликвидност!
Вкупните депозити растат на ниво на банкарскиот сектор, но повторно се враќа трендот на намалување на депозитите кај приватниот бизнис, односно на фирмите. Новите податоци, кои го сумираат првиот квартал од 2015 та година, покажуваат дека вкупната депозитна база во однос на последното тромесечје од 2014 та година е зголемена за 0,4%, што според Народната Банка претставува “значително забавување на кварталната стапка на раст споредено со претходното тримесечје“. Анализата покажува дека од јануари до март, е регистрирано зголемување на штедењето на домаќинствата. “На годишна основа,на крајот на првото тримесечје вкупните депозити на домаќинствата бележат раст од 8,1% наспроти 8,9% во декември но не и на фирмите, соопштуваат од Народната Банка. За разлика од граѓаните, компаниите во првите три месеци од годинава наместо да штедат, тие ги трошеле депозитите во банките. Така, “Вкупните депозити на претпријатијата во првото тримесечје на 2015 година бележат квартално намалување од 4,2% наспроти остварениот релативно висок раст од 6,8% во претходниот квартал. Во услови на задржување на солидните стапки на раст на реалната економија, ваквото отстапување кај корпоративните депозити веројатно произлегува од редовното работење и текот на приливи и одливи во корпоративниот сектор коишто не се секогаш временски усогласени“, се наведува во оценакта на Народната Банка. Според податоци на Народната банка на Македонија, на крајот на април вкупните депозити достигнале 4,7 милијарди евра, од кои на заштеди на домаќинствата отпаѓаат 3,38 милијарди евра, додека, пак, компаниите на своите сметки во домашните банки чуваат нешто повеќе од една милијарда евра. Во април вкупните депозити пораснале за близу 32 милиони евра во однос на март.
Слично

Поврзани вести