Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фирмата поради која Богоев заврши во притвор била во сопственост на унгарски конзул близок до Никола Груевски?

Фирмата поради која Богоев заврши во притвор била во сопственост на унгарски конзул близок до Никола Груевски?

Од денес ќе се одлучува по жалбата на одбраната на поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, кој се гони дека примил награда од околу 1800 евра.

Кривичниот суд на Богоев му одреди притвор од 30 дена во рамки на истрагата за местење на тендер вреден над 300 илјади евра кој го добила битолската фирма „РЕМОНДИС МЕДИСОН“ за надворешно одржување на хигиена на гранични премини и терминали.

„По однос на жалбата на осомничениот С.Б., известуваме дека во петокот истата е доставена до обвинителството и јавниот обвинител се уште нема дадено мислење. По комплетирање на списите, судија на претходна постапка, предметот ќе го достави до кривичниот совет на одлучување.“ – соопшти Кривичен суд.

Фирмата добивала тендери и за време на поранешната и сегашната власт. Оваа година еден од договорите на фирмата, кој е и со највисока вредност од сите останати е со Царинската управа. Овој пат за внатрешно одржување на хигиена на деловните објекти на управата. Договорот вреден од околу 420 илјади евра го потпишува наследникот на Богоев на функцијата Бобан Николовски.

Поранешниот почесен конзул на Унгарија во Битола, Сашо Јанакиевски, како што пишуваше „Фактор“, лани го отстапил својот удел во Ремондис Медисон на истоимениот германскиот партнер од неговата компанија, инаку специјализирана во земјата за третман на медицински отпад. За него се пишуваше дека е бизнисмен близок до поранешниот премиер Никола Груевски, но тој тоа го демантираше.


Слично

Поврзани вести