Фирмата на братот на Мукоски добила уште еден тендер
Фирмата на братот на пратеникот Крсто Мукоски, предновогодишно доби уште еден тендер од Министерството за образование вреден над 100.000 евра, oбјави ТВ 24.
Вевчанската фирма „Атриум“ треба да реновира основно училиште во Пробиштип. За рехабилитација пак на 13 училишта низ земјава Министерството за образование планира да потроши речиси 1,5 милиони евра поделени на вкупно 13 фирми. Инаку ова е шести тендер за шест месеци на фирмата на братот на Мукоски со што вредноста на бизнис зделките на „Атриум“ со државата се искачи на речиси 1,1 милион евра.
Слично
