Економија, финансии, бизнис

Контакт

Финансова полиција влезе во Торакална, се проверуваат јавните набавки во изминатите седум години

Финансова полиција влезе во Торакална, се проверуваат јавните набавки во изминатите седум години

Финансиската полиција влезе во Универзитетската клиника за торакална и васкуларна хирургија и ја чешла работата на претходното раководство. Се проверуваат тендери во изминатите седум години. Во тој период директор на клиниката беше Неџати Јакупи, кој е член на ДУИ и е поранешен пратеник и министер за животна средина од сега опозициската партија од албанскиот блок, објави Телма.

„Во управата е оформен предмет по поднесена пријава за неправилности во ЈЗУ УК за торакална и васкуларна хирургија, согласно надлежностите. Од страна на овластени службени лица од Управата за финансиска полиција се извршени проверки од каде е обезбедена целокупната документација во копија, верна на оригинал во однос на спроведени повеќе постапки за јавни набавки, како и друга документација во врска со реализација на склучени договори и истата во моментов е предмет на анализа. Дополнително, при извршените проверки, е обезбеден и извештај од извршен попис со цел расветлување на случајот и утврдување на фактичката состојба, а на вработени службени лица во клиниката им се дадени насоки за докомплетирање на документацијата“, велат од финансиската полиција.

Слично

Поврзани вести