Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФИНАНСОВА ПОЛИЦИЈА ДОБИ НОВ ДИРЕКТОР: Владата со повеќе кадровски промени, Маркова Велинова се враќа во РКЕ

ФИНАНСОВА ПОЛИЦИЈА ДОБИ НОВ ДИРЕКТОР: Владата со повеќе кадровски промени, Маркова Велинова се враќа во РКЕ

Со најновите одлуки на Владата на Република Македонија финансова полиција добива нов директор, а се менуваат и членовите во Надзорниот одбор на Електростопанство на Македонија. 

Имено, на последната владина седница донесени се повеќе одлуки за именување нови кадровски решенија во неколку институции.

- Владата му предложи на Собранието на ЕВН Електростопанство на Македонија, Акционерско друштво за дистрибуција и снабдување со електрична енергија, Скопје, од должноста член на Надзорниот одбор како претставник на Владата да го отповика Златко Лазиќ, а на негово место да го избере Бојан Николовски - стои во соопштението испратено од владата. 

Воедно одлучено е на позицијата в.д директор на Управата за финансиска полиција да се постави Слободан Ивановски, кој како што пренесуваат владините служби е магистер по правни науки со положен правосуден испит.  

- Има долгогодишно работно искуство во Управата за јавни приходи, а во моментот е претседател за Комисија за прекршоци на УЈП - Регионална дирекција Прилеп - се прецизира во соопштението на Владата. 

Џеват Селами, е именуван за вршител на должноста директор на Дирекцијата за заштита и спасување. Селами, се наведува во соопштението, е дипломиран правник, членувал во повеќе работни група, бил професор во СУГС „Арсени Јовков“, а од 2013 до 2020 година бил раководител на одделение за управување со човечки ресурси, а во моментот е раководител на сектор во Дирекцијата за заштита и спасување.

Воедно се предлага нов член и на Регулаторната комисија за енергетика, каде нов мадат добива Елена Маркова Велинова. 

- Владата го разгледала и Предлогот на Комисијата за разгледување на пријави од кандидати по објавениот Јавен оглас бр.07/2024 за именување на еден член на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и услуги на управување со комунален отпад на Република Северна Македонија и согласно член 18 од Законот за енергетика и заклучила да му предложи на Собранието на Република Северна Македонија за член на ова регулаторно тело да ја именува Елена Маркова Велинова - се посочува во соопштението од владината прес-служба

Оа ќе биде втор мандат како член на регулаторното тело за Маркова Велинова бидејќи веќе имала мандат од пет години добиен во 2011 година.

Слично

Поврзани вести