Економија, финансии, бизнис

Контакт

Финансиската полиција годишно открива криминал тежок 20 милиони евра

Финансиската полиција годишно открива криминал тежок 20 милиони евра
На годишно ниво, Управата за финансиска полиција открива и документира случаи на финансиски криминал тежок околу 20 милиони евра, информира првиот човек на оваа институција Александар Тргачевски. Најчестите откриени злоупотреби се во делот на откуп на секундарни суровини, каде што во последните три години бил откриен криминал тежок 10 милиони евра. Обвинителството уште нема прецизна евиденција колку годишно тежи откриениот финансиски криминал. Јавниот обвинител Марко Зврлевски вели дека статистиката на Обвинителството се подготвува, по што ќе се знае колку со ваквите случаи бил оштетен државниот буџет.    
Слично

Поврзани вести