Економија, финансии, бизнис

Контакт

Финансиска полиција во домот на пратеникот Јован Јаулески

Финансиска полиција во домот на пратеникот Јован Јаулески

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески, објави дека од раните утрински часови претрес во неговиот дом врши Управата за финансиска полиција.

Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ е еден од пратениците од кои денеска се очекува да гласаат за недоверба на Владата во Собранието.

„НЕ ВИ СЕ ПЛАШИМЕ, ДЕНЕС ХИБРИДНИОТ РЕЖИМ ЌЕ ЗАВРШИ! Од 5:30 до овој момент во мојот дом упадна и врши претрес Финансова полиција!“, напиша Јаулески на Фејсбук без да изнесе други детали.

Опозицијата до денеска тврди дека ги има потребните 61 гласа за изгласување на недоверба на Владата.

„Тоа што во домот на пратеникот Јован Јаулески утрово, упадна финанасова полиција и МВР на Спасовски на денот на гласање за доверба на влада, значи само дека режимот на Зоран Заев е очаен, во распаѓање и не одбира средства за притисоци и уцени врз пратениците.

Таквите методи својствени за Чаушеску ќе бидат жестоко поразени„ се огласи подоцна и ВМРО-ДПМНЕ.


Слично

Поврзани вести