Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА ПОЈАСНУВА: Изјавата на Муареми не се однесува на сегашни случувања кај банките

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА ПОЈАСНУВА: Изјавата на Муареми не се однесува на сегашни случувања кај банките

Управата за финансиската полиција денеска се јави со појаснување на вчерашната изјава на директорот на оваа институција, Арафат Муареми, која тој ја даде во вчерашното гостување гостување на ТВ 24, во врска со водење на преистражни постапки кон други банки, за начинот на нивно постапување во врска со издадени кредити.

Дадената изјава, како што велат од Управата на финансиска полиција, воопшто не се однесува на сегашни случувања кај банките, односно не упатува на тековни наоди на Управата за вакви активности кај банките. Изјавата, како што се посочува, се однесува на преземени дејствија од страна на банки во период од 2007 до 2012 година. Оттаму, изјавата  воопшто не имплицира дека во овој момент се преземени нови дејствија за нови случаи. За наведените дејствија Управата за финансиска полиција во 2018 година има поднесено и известување до Јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО).

„Токму во таа насока е дадената изјава дека постојат и слични, но не и исти, случаи на постапување од страна на други банки, кои од страна на Управата се процесираат без оглед во кој период се имаат случено“, велат од Управата за финансиска полицја.

Инаку, Арафат Муареми ја даде изјавата во контекст на случајот Еуростандард банка“, зашто рече дека се постапува по наредба на јавното обвинителство.

Слично

Поврзани вести